ХАЛКИДИКИ ДОБИ СТРУЈА ПО НАЈГОЛЕМОТО НЕВРЕМЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 35 ГОДИНИ

    ХАЛКИДИКИ ДОБИ СТРУЈА ПО НАЈГОЛЕМОТО НЕВРЕМЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 35 ГОДИНИВластите соопштија и дека сите патишта во регионот се расчистени и проодни

    Снабдувањето со електрична енергија на грчкиот полуостров Халкидики беше нормализирано денеска околу пладне, откако најголемиот дел од регионот беше без струја повеќе од 24 часа како последица на силното невреме што се случи во средата попладне.

    Во текот на денот ќе продолжат поправките на електричната мрежа, откако во невремето целосно беа уништени пет носачи на далноводот. Властите соопштија дека и патиштата во регионот се расчистени и проодни.

    Во најголемото невреме на Халкидики во последните 35 години загинаа седум луѓе, од кои шест туристи од Русија, Романија и Чешка, вклучувајќи две мали деца. Тоа исто така го предизвика најголемиот прекин во електроснабдувањето досега и властите веднаш кажаа дека струјата нема да може да се врати во првите 24 часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира