ХАРВИ ВАЈНСТИН ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС ВО ЗАТВОР

    ХАРВИ ВАЈНСТИН ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС ВО ЗАТВОРВајнстин неодамна беше осуден на 23 години затвор за силување (Фото: Ројтерс)

    Некогаш најмоќниот холивудски продуцент и осуден сексуален престапник Харви Вајнстин имал позитивен тест на коронавирус во затвор и сега се наоѓа во изолација.

    Вајнстин неодамна беше осуден на 23 години затвор за силување. Тој ја отслужува затворската казна во Бафало, Њујорк, каде што имало двајца заразени со коронавирус. Неколкумина вработени во затворот се ставени во карантин.

    Адвокатите на Вајнстин велат дека не биле известени за неговата дијагноза.

    „Имајќи ја предвид неговата здравствена состојба, се разбира дека сме загрижени и ја следиме ситуацијата“, изјави адвокатот Имран Ансари.

    Пред да биде префрлен во затворот во Бафало, Вајнстин се жалеше на срцеви проблеми и болки во градите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира