ХОЛАНДИЈА ПОВТОРНО СЕ ЗАТВОРА ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ОМИКРОН

    ХОЛАНДИЈА ПОВТОРНО СЕ ЗАТВОРА ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ОМИКРОНОд утре, несуштинските продавници, училиштата, баровите, рестораните и другите јавни места ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари. (Фото: Гети)

    Холандија ги заостри мерките за заштита пред Божик поради опасноста од сојот омикрон на коронавирусот. Од утре, несуштинските продавници, училиштата, баровите, рестораните и другите јавни места ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари. Премиерот Марк Руте рече дека ограничувањата се неизбежни.

    Ова се најстрогите правила што досега се воведени поради омикрон. Новите мерки во Холандија се објавени по состанокот меѓу владата и здравствените експерти. Со недели, во земјата има полициски час за угостителските и културните места, односно по 17 часот сè беше затворено освен супермаркетите.

    „Холандија повторно се затвора. Ова е неизбежно поради петтиот бран што доаѓа со сојот омикрон“, рече премиерот Руте.

    Холандскиот национален институт за јавно здравје пријави над 2,9 милиони случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата и над 20.000 смртни случаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира