ХОЛАНДИЈА ПРОТИВ ТРАМП СО МЕЃУНАРОДЕН ФОНД ЗА АБОРТУСИ

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Холандија,(СБС)

    ХОЛАНДИЈА ПРОТИВ ТРАМП СО МЕЃУНАРОДЕН ФОНД ЗА АБОРТУСИ

    Холандската влада планира да лансира меѓународен фонд за финансирање на пристап до контрацепција и абортус во земјите во развој, за да може да се дополни јазот оставен откако администацијата на Трамп соопшти дека повеќе нема да финансира никакви странски организации поврзани со абортусот. „Забранувањето на абортусот не резултира со помалку абортуси“, изјави холандската министерка за трговија и развој Лилиан Плоумен. „Резултира со понеодговорни практики во скриени соби и зголемена смртност на мајки.“ Светската здравствена организација процени дека 22 милиони жени вршат небезбедни аботуси секоја година, од кои голем број се наоѓаат во земјите во развој. Еден извештај од 2008 покажува дека речиси 50.000 жени умираат од компликации низ такви процеси во текот на една година.

    Министерката Плоумен рече дека одлуката на администрацијата на Трамп може да доведе до омаловажување на последните унапредувања во здравјето на жената. „Не смееме да дозволиме ова да се случи,“ рече таа. „Треба да го надоместиме овој финансиски напад што побрзо со широк фонд, каде што ќе можат да прават донации влади, бизниси и граѓански организации, за жените да можат да продолжат да имаат право и контрола врз своите тела“.

    Министерката рече дека нејзината намера е да му се спротивстави на влијанието на забраната за жените и девојките од цел свет.

    Забраната на фондот за прв пат беше донесена од претседателот Реган во 1984. Забраната се однесува за било која организација која што нуди услуги за абортус, информирање, советувања – дури и ако тие програми се финансираат од други донатори. Претседателот Бил Клинтон ја повлече забраната во 1993, а Буш ја врати во 2001, сѐ додека Обама не ја повлече пак во 2009.

    За време на кампањата, Трамп воопшто не го криеше своето спротивставување во врска со абортусот. Претседателот Трамп вети дека ќе именува судии на Врховниот суд, кои што ќе ја поништат пресудата што го легализираше абортусот во САД во 1973.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира