ХОЛАНЃАНИТЕ НАГРНАА ПО МАРИХУАНА ПРЕД ЗАТВОРАЊЕТО НА КОФИ-ШОПОВИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ НА ТРИ НЕДЕЛИ

    ХОЛАНЃАНИТЕ НАГРНАА ПО МАРИХУАНА ПРЕД ЗАТВОРАЊЕТО НА КОФИ-ШОПОВИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ НА ТРИ НЕДЕЛИРедица пред еден од кофи-шоповите во Амстердам (Фото: Твитер)

    И Холандија денеска ги затвори сите училишта во земјата поради ширењето на коронавирусот, но новите рестриктивни мерки на владата ќе го погодат и она по што земјата е најпозната: продавниците за марихуана.

    Непосредно пред нивното затворање, пред таканаречените кофи-шопови се направија долги редици додека луѓето во последен момент сакаа да се обезбедат со доволно количество марихуана.

    Министерот за здравство Бруно Бруинс изјави дека рестораните, кафулињата, секс клубовите и продавниците за марихуана ќе бидат затворени во наредните три недели.

    Според последните информации, во Холандија има 1.135 заразени и 20 починати од КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира