И БЕЛГИСКАТА КОМПАНИЈА „ЈАНСЕН“ ЈА ПОЧНУВА ЗАВРШНАТА ФАЗА ОД ТЕСТИРАЊЕТО НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

    И БЕЛГИСКАТА КОМПАНИЈА „ЈАНСЕН“ ЈА ПОЧНУВА ЗАВРШНАТА ФАЗА ОД ТЕСТИРАЊЕТО НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19Експертите веруваат дека ќе бидат потребни неколку типови вакцина за да се стави крај на пандемијата (Фото: Гети)

    Во Велика Британија почна трето големо тестирање на вакцина против ковид-19, развиена од белгиската компанија „Јансен“. Таа користи генетски модифициран вирус на настинка, кој треба да го тренира имунолошкиот систем.

    Ова следува една недела откако завршните тестирања на вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“ покажале дека таа обезбедува 90-процентна заштита од ковид-19. Експертите веруваат дека ќе бидат потребни неколку типови вакцина за да се стави крај на пандемијата.

    „Навистина е важно да се развијат многу различни вакцини од многу различни производители. Засега не знаеме како ќе се однесува секоја од овие вакцини и не можеме да бидеме сигурни дека еден производител ќе овозможи ефикасно и безбедно снабдување со вакцина“, вели Сол Фауст, директорот на Клиничкиот истражувачки центар во Саутемптон.

    „Јансен“ ќе користи 6.000 доброволци во Велика Британија, а вкупно 30.000 низ цел свет. Половина од нив ќе добијат две дози од вакцината за период од два месеца.

    Големо завршно тестирање со две дози од својата експериментална вакцина започна и „Џонсон енд Џонсон“. Во истражувањето ќе учествуваат 30.000 волонтери и ќе се одвива паралелно со тестирањето со една доза во кое од септември учествуваат 60.000 доброволци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира