ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА ГО ЗАПРЕА ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19 СО „АСТРАЗЕНЕКА“

    ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА ГО ЗАПРЕА ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19 СО „АСТРАЗЕНЕКА“Досега во земјата се дадени околу 1,7 милиони дози од вакцината „АстраЗенека“. (Фото: АП)

    Германскиот Институт „Паул Ерлих“ оцени дека се неопходни натамошни испитувања, по што Министерството за здравство го запре вакцинирањето против ковид-19 со вакцината на „АстраЗенека“. Претходно имаше информации за тромбози поврзани со вакцината.

    Преседателот на Франција Емануел Макрон денеска соопшти дека и Франција времено ќе го запре вакцинирањето со „АстраЗенека“, без да образложи за причините. Тој рече дека се надева оти земјата наскоро ќе продолжи со вакцинирањето со оваа вакцина.

    Европската агенција за лекови ЕМА ќе донесе одлука „дали и како новите сознанија ќе се одразат врз дозволата за вакцината“, соопшти попладнево портпарол на Министерството за здравство на Германија. Досега во земјата се дадени околу 1,7 милиони дози од вакцината „АстраЗенека“.

    Германската влада досега не се откажуваше од вакцинирање со „АстраЗенека“, иако повеќе земји донесоа таква одлука. Прва беше Данска на 11 март. Копенхаген одлуката за прекин на вакцинирањето ја образложи со повеќе случаи на згрутчување на крвта по добиена доза на „АстраЗенека“. По Данска следуваа Норвешка, Исланд, како и ЕУ-земјите Бугарија, Ирска и вчеравечер – Холандија. Австрија, Естонија, Летонија, Литванија и Луксембург го прекинаа вакцинирањето со дози од една производствена серија на „АстраЗенека“, додека Италија и Романија го стопираа користењето на друга производствена серија.

    Британско-шведскиот концерн нагласува дека анализата на повеќе од 10 милиони случаи не дала „никакви докази за зголемен ризик од белодробна емболија или тромбоза“. Ендру Полард, кој работеше на создавање на вакцината и е раководител на „Оксфорд ваксин груп“, денеска изјави дека има „многу смирувачки докази“ оти вакцината во Велика Британија, каде „АстраЗенека“ се употребува најмногу од сите држави во Европа, досега не довела до зголемување на згрутчувања во крвта.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира