И НАТАМУ НЕ ГИ ЗНАЕМЕ НАМЕРИТЕ НА РУСИТЕ, КАЖА КИЕВ ПО НАЈАВАТА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА РУСКИТЕ ТРУПИ ОД ХЕРСОН

    И НАТАМУ НЕ ГИ ЗНАЕМЕ НАМЕРИТЕ НА РУСИТЕ, КАЖА КИЕВ ПО НАЈАВАТА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА РУСКИТЕ ТРУПИ ОД ХЕРСОНХерсон беше единствениот регионален главен град што Русите го освоија од почетокот на инвазијата (Фото: АП)

    Киев со претпазливост и скепса ја прими веста за повлекувањето на руските трупи од западниот брег на Днепар и градот Херсон, додека Џо Бајден кажа дека тоа е јасен знак дека руската војска е во вистински проблеми.

    Тие заминуваат, но не изгледа како да е целосно повлекување или прегрупирање. Руските сили ги уништуваат мостовите и ги минираат патиштата зад себе. Моментално не ги знаеме нивните вистински намери. Дали ќе се борат со нас, дали ќе се обидат да го задржат Херсон? Заминуваат многу бавно“, изјави советникот на Зеленски, Олексиј Арестович.

    Херсон е единствениот регионален главен град што Русите го освоија од почетокот на инвазијата и оттука се контролираат единствениот копнен пат кон анектираниот полуостров Крим и устието на Днепар.

    Генералот Сергеј Суровикин, кој неодамна стана заповедник на руските воени операции во Украина, кажа дека веќе не е можно да се доставуваат залихи во Херсон и предложи формирање дефанзивни линии на источниот брег на Днепар.

    Се согласувам со вашите предлози и заклучоци. За нас, животите и здравјето на руските војници секогаш се приоритет, а мора да се земат предвид и заканите по цивилното население“, додаде рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу

    Украинскиот воен аналитичар Јури Бутусов смета дека одбраната на руските позиции во Херсон станала невозможна откако украинската војска се опреми со западните ракетни системи.

    Да бидеме јасни, руските сили и натаму ќе бидат способни да изведуваат напади и некое време да ги одржат своите позиции на источниот брег“, вели Бутусов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира