И ТРАМП СЕ ТЕСТИРАШЕ НА КОРОНАВИРУС, РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ДЕН-ДВА

    И ТРАМП СЕ ТЕСТИРАШЕ НА КОРОНАВИРУС, РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ДЕН-ДВАТрамп неколку дена одбиваше да се тестира иако имал контакт со заразени луѓе (Фото: АП)

    По неколку дена отпор, Доналд Трамп денеска конечно се тестираше на коронавирус.

    „И јас се тестирав. Резултатите се очекуваат за ден-два. Претходно ми мереа температура и беше нормална“, изјави Трамп, потврдувајќи дека во САД досега има 50 мртви.

    Тој досега одбиваше да се тестира, иако во изминатите денови бил во контакт со најмалку тројца луѓе за кои во меѓувреме се дозна дека се заразени. Еден од нив е дипломат од бразилската амбасада во Вашингтон, за кој беше потврдено дека имал позитивен тест откако седел на иста маса со Трамп.

    САД денеска ја проширија забраната за патувања и на Велика Британија и Ирска, изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс. Трамп претходно објави дека забраната, која денеска стапи на сила, се однесува само на 26-те земји од Шенген зоната.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира