ИДЕНТИФИКУВАНИ БОМБАШИТЕ САМОУБИЈЦИ ОД АЕРОДРОМОТ ВО БРИСЕЛ

    ИДЕНТИФИКУВАНИ БОМБАШИТЕ САМОУБИЈЦИ ОД АЕРОДРОМОТ ВО БРИСЕЛ

    Брисел, 23 март, 2016 – (META) Двајцата бомбаши самоубијци што го извршија нападот на бриселскиот аеродром се идентификувани како браќата Ел Баркау, кои од претходно ѝ се познати на полицијата, јави белгиската телевизијата „Ар-те-бе-еф“.

    Белгиските власти и понатаму трагаат по третиот осомничен за вчерашните напади во Брисел, кој според белгиското федерално обвинителство, сè уште е во бегство. Станува збор за 25-годишниот Најим Лачарау, а неговата ДНК е пронајдена во зградите што го користеле извршителите на минатогодишните напади во Париз. Лачарау, наводно, минатата година во септември, заедно со главниот осомничен за нападите во Париз, Салах Абдеслам, отпатувал за Унгарија. Полицијата издаде потерница по него.

    https://twitter.com/police_temoin/status/711959798724562945

    Во терористичките напади во Брисел, според официјалните податоци, загинале најмалку 31 лице, а 250 се повредни.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари