ИЛЈАДНИЦИ ПОЛЈАЦИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ЕУ

    ИЛЈАДНИЦИ ПОЛЈАЦИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ЕУСамо во главниот град Варшава на улиците излегоа повеќе од 80.000 луѓе. (Фото: Гети)

    Десетици илјади луѓе во повеќе од 100 полски градови и општини протестираа против правосудната реформа и можниот излез на земјата од ЕУ. Демонстрации во текот на викендот имаше во сите делови на Полска. Протестите се поттикнати од стравот дека владеачката партија Право и Правда (ПиС), со својот критички курс кон ЕУ, ќе ја извади земјата од Унијата.

    Само во главниот град Варшава на улиците излегоа повеќе од 80.000 луѓе. Тие бараат Полска да остане во Европската унија. „Остануваме“, скандираа демонстрантите и вееја знамиња на Полска и на ЕУ.

    Уставниот суд во земјата минатата недела донесе пресуда со која одредени елементи од правото на ЕУ ги прогласи за некомпатибилни со полскиот Устав. Со тоа му даде предност на нацоналното право пред правото на ЕУ. Оваа одлука уште повеќе го разгоре конфликтот помеѓу Европската комисија и Варшава околу реформата на полскиот правосуден систем.

    На протести во Полска повика поранешниот претседател на Советот на ЕУ и лидер на полската опозиција Доналд Туск. Во настапот пред демонстрантите, тој кажа дека владеачката партија ПиС веќе не криела оти сака да ја извади земјата од ЕУ.

    „Знаеме зошто сакаат да ја напуштат ЕУ – за да можат неказнето да ги кршат демократски правила“, рече Туск и потенцираше дека местото на Полска е во Европа. „Ние ќе победиме, зашто ние сме мнозинство!“

    Говорот на Туск, како и на другите говорници, беа прекинувани постојано со извици од контрадемонстранти од десничарсконационални групации.

    На демонстрациите во Гдањск зборуваше Лех Валенса, носителот на Нобеловата награда за мир и некогашен претседател на Полска.

    „Луѓето кои денес ја водат државата се голема несреќа за Полска. Ниту еден непријател кој некогаш владеел во Полска, не успеал да ги раздели луѓето толку многу како ПиС“, рече Валенса.

    Според анкетите, големо мнозинство от Полјаците и натаму претпочита членство на земјата во ЕУ. Односите помеѓу Варшава и Брисел, меѓутоа, се тензични откако ПиС дојде на власт во 2015 година. Во фокусот на конфликтот е правосудната реформа која ја турка ПиС, а која од апсект на ЕУ ја поткопува независноста на судството и поделбата на власта во државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира