ИЛЈАДНИЦИ СРБИ ПЕТТА САБОТА ПО РЕД МАРШИРАА ПРОТИВ АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ

    ИЛЈАДНИЦИ СРБИ ПЕТТА САБОТА ПО РЕД МАРШИРАА ПРОТИВ АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌОсвен во Белград, протести вчера имаше и во Нови Сад и Крагуевац (Фото: Ројтерс)

    Илјадници луѓе и вчера маршираа по улиците на Белград, на петтата сабота од протестите против политиките на претседателот Александар Вучиќ. Тие ја обвинуваат власта дека презела контрола врз медиумите и дека врши напади врз опозицијата и новинари.

    Токму претепувањето на опозицискиот политичар Борко Стефановиќ во ноември беше поводот да почнат протестите, кои, освен во Белград, вчера во помал обем се одржаа и во Нови Сад и во Крагуевац.

    Носејќи голем транспарент со натпис „еден од пет милиони“ на чело на колоната, на неколкуте илјади демонстранти им се придружија и студенти и уметници. Пораката се однесува на претходна изјава на Вучиќ дека нема да го исполни барањето на опозицијата за слободни медиуми дури и доколку пет милиони луѓе излезат на улиците.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари