ИНДИЈА ПОЧНА СО ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 НА 1,3 МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕ

    ИНДИЈА ПОЧНА СО ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 НА 1,3 МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕМилиони дози од двете одобрени вакцини „Коваксин“ и „Ковишилд“ се испратени низ целата земја. (Фото: Гети)

    Индија денеска ја започна вакцинацијата против ковид-19. Први вакцината ќе ја примат здравствените работници, а како што кажа премиерот Наренда Моди, ќе бидат вакцинирани над 1,3 милијарди луѓе.

    Милиони дози од двете одобрени вакцини „Коваксин“ и „Ковишилд“ се испратени низ целата земја. Премиерот Моди утрово кажа дека Индија е подготвена да ја спроведе масовната вакцинацијата на своето население, а за тоа изработена и е апликација која ќе го следи процесот и ќе гарантира дека никој нема да оставен невакциниран.

    „Ја почнуваме најголемата вакцинација во светот и со тоа ја докажавме нашата способност за справување со пандемијата“, изјави премиерот Моди.

    Индија е второто место во светот по бројот на заразени лица со ковид-19 после САД.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира