ИРАК ПРЕДУПРЕДИ ЗА КАТАСТРОФАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ НАПАДИ ПРОТИВ ИРАН ВО КОИ ЗАГИНАА 40 ЛУЃЕ

    ИРАК ПРЕДУПРЕДИ ЗА КАТАСТРОФАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ НАПАДИ ПРОТИВ ИРАН ВО КОИ ЗАГИНАА 40 ЛУЃЕСАД синоќа започнаа воздушни напади во Ирак и Сирија против повеќе од 85 цели поврзани со Иранската револуционерна гарда како одмазда за смртоносниот напад врз американските војници. (Фото: Притскрин од видео)

    Ирак вели дека американските одмазднички напади ирански цели во Сирија и Ирак ќе донесат катастрофални последици за регионот и дека меѓу 16-те убиени лица има и цивили. Ирачкото претседателство ја осуди „оваа агресија… која претставува очигледно кршење на ирачкиот суверенитет“. САД синоќа започнаа воздушни напади во Ирак и Сирија против повеќе од 85 цели поврзани со Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и милициите што таа ги поддржува, во кои се смета дека загинаа речиси 40 луѓе во двете земји, како одмазда за смртоносниот напад врз американските војници.

    Во Ирак истовремено има бази со околу 2.500 американски војници, додека американските воени авиони вршат бомбардирање на неговата почва. Белата куќа кажа дека ирачките власти добиле претходно предупредување за нападите. Но, Багдад го негираше ова, велејќи дека тврдењето за координација е неосновано.

    Прашањето сега е како ќе одговорат милициите во Ирак поддржани од Иран и дали ќе ги прекинат нивните напади врз американските бази. Се чини дека Техеран сака тие да се примират, барем засега, за да се избегне ризикот од понатамошна ескалација.
    „Нашиот одговор започна денеска. Ќе продолжи во моменти и места по наш избор“, рече синоќа претседателот Џо Бајден.

    Иран негираше вмешаност во нападот на американската база, нарекувајќи ги обвинувањата „неосновани“ и велејќи дека „не бил вклучен во одлучувањето на групите на отпорот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира