ИРАН ИСПРАЌА МЕШАНИ СИГНАЛИ ДОДЕКА ТЕНЗИИТЕ СО САД СЕ СМИРУВААТ

    ИРАН ИСПРАЌА МЕШАНИ СИГНАЛИ ДОДЕКА ТЕНЗИИТЕ СО САД СЕ СМИРУВААТИранскиот претседател Рухани ги предупреди САД дека ќе се соочат со многу опасен одговор доколку направат уште една грешка (Фото: Ројтерс)

    Иран испраќа мешани сигнали додека САД се обидуваат да ги смират тензиите во регионот, при што претседателот Хасан Рухани предупреди на многу посериозен одговор доколку Американците направат уште една грешка.

    Двете страни направија чекори на повлекување откако Иранците вчера ракетираа две американски воени бази во Ирак, како одмазда за убиството на генералот Солејмани во петокот. Место да возврати, Трамп само најави нови санкции за Иран, но и искажа подготвеност за преговори.

    „Нападот врз базите беше легитимен чин на самоодбрана според уредбите на Обединетите нации, но ги предупредуваме САД дека ќе се соочат со многу опасен одговор доколку направат уште една грешка“, изјави Рухани.

    Иако Иран претходно објави дека веќе ништо не го спречува да развива нуклеарно оружје, Рухани вели дека ќе продолжат да соработуваат со инспекторите на ОН.

    Од друга страна, генералот на редовната иранска армија Абдола Араги најави дека Иранската револуционерна гарда планира посериозно да му се одмазди на непријателот во блиска иднина.

    „Ракетниот напад на базите беше само една манифестација на нашите способности“, вели Араги.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира