ИРАНСКА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА ЗАРАЗЕНА СО КОРОНАВИРУСОТ, ИРАН СО НАЈГОЛЕМА СТАПКА НА СМРТНОСТ

    ИРАНСКА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА ЗАРАЗЕНА СО КОРОНАВИРУСОТ, ИРАН СО НАЈГОЛЕМА СТАПКА НА СМРТНОСТМасумех Ебтекар е потпретседателка за жени и семејни работи

    Иранска потпретседателка имала позитивен тест на коронавирус, објавија државните медиуми, додека земјата се мачи да се справи со ширењето на заразата.

    Масумех Ебтекар е меѓу 254-те заразени со коронавирусот во земјата, во која досега починале 26 луѓе, што значи дека стапката на смртност е 10%, пет пати повеќе од Кина. Во последните 24 часа, во Иран имало 106 новозаразени.

    Ебтекар, која е потпретседателка за жени и семејни работи, имала благи симптоми и досега не е примена во болница.

    Претходно беше соопштено дека со коронавирусот се заразил и заменик министерот за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира