ИРАНСКИОТ РЕЖИСЕР РУСТАИ ЗАТВОРЕН ЗАШТО БЕЗ ДОЗВОЛА ПРИКАЖАЛ СВОЈ ФИЛМ ВО КАН

    ИРАНСКИОТ РЕЖИСЕР РУСТАИ ЗАТВОРЕН ЗАШТО БЕЗ ДОЗВОЛА ПРИКАЖАЛ СВОЈ ФИЛМ ВО КАНРустаи доби и петгодишна забрана за снимање филмови (Фото: Гети)

    Мартин Скорсезе му изрази поддршка на иранскиот режисер Саид Рустаи, кого иранските власти го затворија зашто без владина дозвола прикажал свој филм на Канскиот фестивал. Рустаи е осуден на шест месеци затвор поради премиерата на филмот „Браќата на Лејла“ на минатогодишното издание на Кан.

    Организаторите на фестивалот ја осудија казната како сериозно нарушување на слободата на говорот. Скорзесе сподели петиција со која се бара правда за Рустаи и за продуцентот Џавад Норузбеги.

    Според иранските медиуми, двајцата се осудени за „придонес кон пропагандата на опозицијата против исламскиот систем“.

    Филмот зборува за економските проблеми на едно семејство од Техеран и беше забранет во Иран зашто без дозвола бил прикажан на неколку меѓународни филмски фестивали.

    Весникот „Етемад“ објави дека 34-годишниот Рустаи и Норузбеги ќе поминат само десетина дена во затвор, а остатокот ќе биде претворен во условна казна во следните пет години. Рустаи исто така доби петгодишна забрана за снимање филмови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира