ИРМА ОДНЕСЕ ПЕТ ЖИВОТИ, САД ОЧЕКУВААТ ШТЕТА ОД 290 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    ИРМА ОДНЕСЕ ПЕТ ЖИВОТИ, САД ОЧЕКУВААТ ШТЕТА ОД 290 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИИрма остави неколку поплавени градови во САД зад себе (Фото: АП)

    Ураганот Ирма, кој изминативе денови предизвика огромни штети на дел од карипските острови, значително ослабна, како што се движи кон градовите Тампа и Сент Петерсбург на Флорида.

    Тоа и натаму е опасен ураган од категорија 2, но брзината на ветровите се намали на 160 километри на час. Метеоролозите предвидуваат дека центарот на Ирма ќе продолжи да се движи кон континентална Флорида, по што би добил особини на тропска луња, кога ќе стигне до Џорџија, Алабама и Тенеси.

    Меѓународниот аеродром во Мајами ќе остане затворен и денеска, а со ограничени летови ќе почне од утре.

    На барање на гувернерот на Флорида, Рик Скот, претседателот Доналд Трамп прогласи состојба на природа катастрофа за оваа сојузна држава.

    Потврдено е дека има пет смртни случаи во САД, а најмалку 27 луѓе загинаа на Карибите во налетот на Ирма.

    Си-Ен-Ен објави дека 3,5 милиони луѓе на Флорида се без електрична енергија, ситуација што би можела да потрае неколку дена.

    Според првичните податоци, штетата предизвикана од ураганите Ирма и Харви би можела да изнесува 290 милијарди долари, што е еден процент од бруто домашниот производ на САД.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари