ИТАЛИЈА ИСТРАЖУВА ДАЛИ ВИСОКИОТ БРОЈ НА ЖРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ Е ПОСЛЕДИЦА НА НЕБРЕЖНОСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Аматриче,(АП)

    ИТАЛИЈА ИСТРАЖУВА ДАЛИ ВИСОКИОТ БРОЈ НА ЖРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ Е ПОСЛЕДИЦА НА НЕБРЕЖНОСТ

    Булдожери денеска ги расчистуваа опасните остатоци од срушените објекти во уништеното италијанско гратче Аматриче во силниот земјотрес, додека истражителите работеа да утврдат дали небрежностили измама во спроведувањето на градежната регулатива придонела за високиот број жртви.
    Земјотресот што се случи рано наутро во средата уби 290 луѓе и повреди стотици, срамнувајќи три средновековни гратчиња во централна Италија. Џузепе Сајева, обвинител од регионалната престолнина Риети, кажа дека бројот на жртви „не може да се смета само како игра на судбината“. Истрагата е сконцентрирана на неколку гради, вклучувајќи основно училиште во Аматриче коешто се сруши иако беше реновирано во 2012 година за да издржи земјотреси по цена од 700 илјади евра. Немаше никој во училиштето за време на земјотресот, но многумина се шокирани што тоа не издржа земјотрес од 6,2 степени.
    Во земјотресот од 2002 година во Сан Џулијано ди Пуља загинаа цело одделение и наставникот, по што италијанските власти ветија дека ќе обезбедат сигурност на училиштата, болниците и другите критични институции.
    Прашања покрена и црковното ѕвоно во Акумоли коешто се сруши, убивајќи четиричлено семејство во соседната куќа, вклучувајќи осуммесечно бебе и седумгодишно момче. Ѕвоното, исто така, беше неодамна реставрирано со наменски пари, доделени по претходниот голем земјотрес во Италија во блиската Л’Аквила во 2009 година.
    Италијанскиот национален обвинител за антитероризам Франко Роберти, исто така, вети дека ќе ја спречи мафијата да се инфилтрира во јавните проекти за санирање на последиците во погодените подрачја.
    „Ризикот за инфилтрација секогаш е висок. Постземјотресната реконструкција традиционално е привлечна за криминалните групи и нивните бизнис интереси“, кажа Роберти
    Тој вели дека ако објектите биле добро изградени во согласност со регулацијата за земјотресни зони, „делови од објектите можеби ќе биле оштетени и напукнати, но немаше да бидат здробени“.
    Најмногу загинати има во Аматриче со 229 мртви, а гратчето е сведено на рушевини. 11 други загинаа во блиското Акумоли и 50 други во Арквата дел Тронто, 16 километри северно од Аматриче. Никој не е пронајден жив во рушевините уште од средата и надежите за пронаоѓање уште преживеани исчезнаа. Бројката на исчезнати се уште е несигурна, бидејќи вообичаено во регионот има многу туристи на крајот од летото. Стотици луѓе останаа без домови и ги поминуваат ноќите во шатори и во спортската сала во Аматриче.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари