ИТАЛИЈА ОТКРИ СПОМЕН-ПЛОЧА ВО ЧЕСТ НА 179 ЛЕКАРИ КОИ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19

    ИТАЛИЈА ОТКРИ СПОМЕН-ПЛОЧА ВО ЧЕСТ НА 179 ЛЕКАРИ КОИ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19Во изминатите денови, бројот на новозаразени во Италија е поголем од 10.000 на ден (Фото: АП)

    Италија ќе им оддаде признание на 179-те лекари кои починаа од ковид-19, додека владата се подготвува за враќање на дел од рестрикциите, соочувајќи се со наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирус.

    Нивните имиња се испишани во мермер на спомен-плоча во градот Дуно, северно од Милано, почнувајќи од 67-годишниот Роберто Стела, првиот познат италијански лекар кој почина од ковид-19. Неговата смрт на 11 март ја шокираше италијанската медицинска заедница и го нагласи ризикот од коронавирусот.

    Италија беше првата земја надвор од Азија која потврди случај на локално пренесување на коронавирусот. Во изминатите денови, бројот на новозаразени е поголем од 10.000 на ден, што е повеќе од врвот на ширењето во март и април, кога беа тестирани само сериозно болните.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира