ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ КАЈ НУКЛЕАРНАТА ЦЕНТРАЛА ЧЕРНОБИЛ

    ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ КАЈ НУКЛЕАРНАТА ЦЕНТРАЛА ЧЕРНОБИЛСтотици пожарникари се бореа со шумските пожари во регионот во изминатата недела (Фото: Ројтерс)

    Пожарот што ѝ се закануваше на напуштената нуклеарна централа Чернобил е изгаснат, објавија украинските власти. Пожарникарите кажаа дека на некои места сѐ уште има чад, но веќе нема отворен оган.

    Рускиот оддел на организацијата „Гринпис“ вчера објави дека еден пламен стигнал на еден километар до централата. Иако пожарите се вообичаена појава во тој регион, од „Гринпис“ велат дека овој бил најлош во последните децении. Полицијата уапси 27-годишник обвинет за подметнување пожар.

    „Ситуацијата и натаму внимателно се следи“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Стотици пожарникари се бореа со шумските пожари во регионот во изминатата недела, при што властите измерија покачено ниво на радијација.

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира