ИЗГОРЕ ВОЗ ВО ПАКИСТАН ОТКАКО ПАТНИЦИТЕ ГОТВЕЛЕ ПОЈАДОК, НАЈМАЛКУ 65 МРТВИ

    ИЗГОРЕ ВОЗ ВО ПАКИСТАН ОТКАКО ПАТНИЦИТЕ ГОТВЕЛЕ ПОЈАДОК, НАЈМАЛКУ 65 МРТВИНајмалку 30 луѓе се повредени и се очекува бројот на починатите да расте (Фото: Ројтерс)

    Најмалку 65 патници загинаа откако се запали воз во Пакистан.

    Министерот за железници Шеик Рашид Ахмед изјави дека пожарот бил предизвикан од експлозија на гас, што еден од патниците го користел за да си зготви појадок. Огнот потоа зафатил најмалку три вагони.

    Трагедијата се случи на релацијата Карачи-Равалпинди и властите кажаа дека голем број од жртвите настрадале кога се обиделе да скокнат од возот во пламен. Најмалку 30 луѓе се повредени и се очекува бројот на починатите да расте.

    „Експлодирале два уреда за готвење. Тие при готвење користеле и масло, што дополнително го проширило огнот“, изјави Ахмед.

    Тој додаде дека патниците често готват во возовите на долги патувања и тоа е голем проблем.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира