ИЗГУБИВМЕ БЛЕСКАВИ МЛАДИ УМОВИ – КАНАДСКАТА АКАДЕМСКА ЗАЕДНИЦА ТАГУВА ПО ДЕСЕТИЦИ СВОИ ЧЛЕНОВИ КОИ ЗАГИНАА ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО ИРАН

    ИЗГУБИВМЕ БЛЕСКАВИ МЛАДИ УМОВИ – КАНАДСКАТА АКАДЕМСКА ЗАЕДНИЦА ТАГУВА ПО ДЕСЕТИЦИ СВОИ ЧЛЕНОВИ КОИ ЗАГИНАА ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО ИРАНОд 176-те загинати во несреќата, 138 патници оделе за Торонто преку Киев (Фото: Ројтерс)

    Канадската академска заедница претрпе голема загуба во неодамнешната авионска несреќа во Иран, бидејќи меѓу жртвите се десетици професори и истражувачи од тамошните универзитети.

    „Ова е неописива загуба. Луѓето кои ги изгубивме во несреќата се некои од најблескавите млади истражувачи на светот“, вели Неда Магбулех, професорка по социологија на Универзитетот во Торонто.

    Четири студенти од овој универзитет загинаа во несреќата.

    Повеќето од загинатите биле високо квалификувани Канаѓани со иранско потекло и некои од нив заедно студирале на Универзитетот Шариф во Техеран. Бројката на ирански студенти во Канада се зголемила за повеќе од двојно меѓу 2016 и 2018 година, особено откако американската политика кон Иран се заостри во 2017.

    Од 176-те загинати во несреќата, 138 патници требало да патуваат за Торонто преку Киев, а 63 биле канадски државјани.

    Универзитетот на Алберта во Едмонтон изгубил десет свои членови, а други жртви се поврзани со универзитети во Квебек, Онтарио, Нова Скотија и Британска Колумбија.

    „Боинг 737-800“ на украинскиот национален авиопревозник се урна во средата, набргу по полетувањето од аеродромот во Техеран и најновите сознанија сугерираат дека по грешка бил погоден со ирански проектил.

    „Од еден до друг брег на земјата има огромно чувство на тага на универзитетите. Ќе останат многу празни столчиња“, изјави Пол Дејвидсон, претседателот на Асоцијацијата на канадските универзитети.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира