ИЗРАЕЛ БАРА ЛАВРОВ ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ИЗЈАВАТА „ПА ШТО АКО ЗЕЛЕНСКИ Е ЕВРЕИН, И ХИТЛЕР ИМАЛ ЕВРЕЈСКА КРВ“

    ИЗРАЕЛ БАРА ЛАВРОВ ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ИЗЈАВАТА „ПА ШТО АКО ЗЕЛЕНСКИ Е ЕВРЕИН, И ХИТЛЕР ИМАЛ ЕВРЕЈСКА КРВ“Лавров рече дека „некои од најлошите антисемити се Евреи“. (Фото: АП)

    Израел денеска ја осуди изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со која сугерирал дека нацистичкиот лидер Адолф Хитлер има еврејски корени, и побара извинување од Москва. Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало рускиот амбасадор на „тежок разговор“ поради коментарите што Лавров ги даде вчера во интервју за италијанската телевизија.
    Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид изјави дека Лавров дал „непростлива, скандалозна изјава“.

    Лавров вчера рече дека фактот оти претседателот на Украина е Евреин не е во спротивност со тврдењата на Москва дека ја започнала инвазијата за да ја „денацифицира“ земјата, тврдејќи дека дури и Хитлер „имал еврејска крв“.

    Во интервјуто Лавров беше запрашан како рускиот претседател Владимир Путин може да тврди дека се обидува да ја „денацифицира“ Украина кога Володимир Зеленски, демократски избраниот претседател на земјата, е Евреин.

    „Па што ако Зеленски е Евреин. Фактот не ги негира нацистичките елементи во Украина. Верувам дека Хитлер имал и еврејска крв“, рече Лавров, додавајќи дека „некои од најлошите антисемити се Евреи“.

    Иако со години се шират теории на заговор во кои се тврди дека Хитлер бил Евреин, историчарите тоа одамна го докажале како лага.

    Шефот на израелскиот музеј на холокаустот Јад Вашем, Дани Дајан, ги осуди изјавите на Лавров, кои дојдоа во истата недела кога Израел го одбележува Холокаустот, нарекувајќи ги неговите зборови „лажни, заблуди и опасни и достојни за секаква осуда“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира