ИЗРАЕЛ ВАКЦИНИРАШЕ 10 ОТСТО ОД НАСЕЛЕНИЕТО ЗА НЕЦЕЛИ ДВЕ НЕДЕЛИ

    ИЗРАЕЛ ВАКЦИНИРАШЕ 10 ОТСТО ОД НАСЕЛЕНИЕТО ЗА НЕЦЕЛИ ДВЕ НЕДЕЛИИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху се вакцинираше прв на 19 декември. (Фото: АФП)

    Израел вакцинираше речиси еден милион луѓе за помалку од две недели откако ја почна кампањата за имунизација од ковид-19, соопшти израелската влада. Околу 950.000 Израелци ја примија првата доза од вакцината, што е нешто над 10% од вкупното население во земјата, кажа министерот за здравство, Јули Еделстајн. Само во четвртокот, Израел вакцинираше 153.400 луѓе, според официјалните податоци од министерството за здравство.

    Повеќе од 40% од израелските граѓани над 60 години веќе ја примија првата од двете дози на вакцината „Фајзер“. Во апсолутни бројки, Израел е зад САД, Кина и Велика Британија, но по глава на жители е убедливо прв во светот.

    Сепак, бројот на нови инфекции во земјата и понатаму расте и покрај вакцинацијата и третото затворање на земјата за да се спречи ширењето на коронавирусот. Денеска, израелското министерство за здравство соопшти дека има нови 5.804 заразени во земјата и повика на нови построги рестрикции да почнат од задутре.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира