ИЗРАЕЛСКИОТ ПРЕМИЕР НЕТАНЈАХУ ЌЕ БИДЕ ОБВИНЕТ ЗА КОРУПЦИЈА

    ИЗРАЕЛСКИОТ ПРЕМИЕР НЕТАНЈАХУ ЌЕ БИДЕ ОБВИНЕТ ЗА КОРУПЦИЈАНетанјаху се товари дека примил подароци од богати бизнисмени и правел услуги (Фото: Ројтерс)

    Јавниот обвинител на Израел потврди дека планира да покрене обвиненија против премиерот Бенјамин Нетанјаху за корупција. Авихаи Манделблит изјави дека тој се соочува со обвиненија за поткуп, измама и за кршење на доверба во три случаи и ќе биде повикан на сослушување.

    Нетанјаху наводно примил подароци од богати бизнисмени и правел услуги со цел да добие многу подобра слика во медиумите. Тој ги негираше овие обвиненија, кои доаѓаат во пресрет на изборите во април.

    „Јас сум жртва на левичарски лов на вештерки, кој има намера да ми наштети во пресрет на парламентарните избори на 9 април“, изјави Нетанјаху.

    Ако неговите аргументи бидат одбиени на сослушувањето, тоа ќе биде првпат во историјата на Израел да се суди на актуелен премиер.

    Меѓу другото, тој наводно добил цигари, скапо шампањско и скап накит од филмски продуцент, а за возврат му помогнал да добие американска виза и даночни олеснувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира