ЈАНЕЗ ЈАНША ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР НА СЛОВЕНИЈА ПО ЧЕТВРТИ ПАТ

    ЈАНЕЗ ЈАНША ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР НА СЛОВЕНИЈА ПО ЧЕТВРТИ ПАТЈанша не крие дека е голем обожавател на Доналд Трамп (Фото: АП)

    Словенечките пратеници го предложија националистот Јанез Јанша за нов премиер, иако неговата партија тесно ги изгуби изборите во март. Јанша веќе беше премиер на Словенија во три наврати.

    Тој потврди дека сака да ја води следната влада откако раководството на неговата Словенечка демократска партија (СДП) го одобри коалицискиот договор со неколку партии од десниот центар.

    Со ова се исполнуваат условите за поднесување кандидатура за премиер“, кажа Јанша.

    За изборот на Јанша ќе се гласа в петок и спикерот на парламентот Зоран Стевановиќ кажа дека не очекува изненадувања.

    Движењето слобода на досегашниот премиер Роберт Голоб освои само еден пратенички мандат повеќе од СДП на изборите, но тој не успеа да договори коалиција, па го предаде мандатот.

    Јанша беше премиер од 2004 до 2008, во 2012/13 и повторно од 2020 до 2022 и е еден од најпознатите националистички лидери во Европа, кој не крие дека е голем обожавател на Доналд Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира