КАЛИФОРНИЈА ПОБАРА МЕЃУНАРОДНА ПОМОШ ВО БОРБАТА СО КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОЖАРИ, ДОСЕГА ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИ

    КАЛИФОРНИЈА ПОБАРА МЕЃУНАРОДНА ПОМОШ ВО БОРБАТА СО КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОЖАРИ, ДОСЕГА ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИНиз Калифорнија се регистрирани над 550 пожари (Фото: Шатерсток)

    Калифорнија се мачи да ги стави под контрола огромните пожари кои зафатија шуми и домови, предупреди гувернерот Гевин Њусом, додека повеќе од 12.000 пожарникари се борат со огнот, кој досега уби шест луѓе. Освен од останатите американски сојузни држави, Њусом испрати апел за помош и до Канада и Австралија.

    „Овие пожари ги исцрпуваат нашите ресурси, нашиот персонал“, изјави Њусом.

    Меѓу 560-те регистрирани пожари се и некои од најголемите досега видени во Калифорнија. Пожарите се совпаѓаат со огромните жештини што ја погодија Калифорнија, при што во националниот парк Долина на Смртта изминатиот викенд била измерена температура од 54,4 Целзиусови степени, која се смета за највисока во историјата.

    Итните служби кажаа дека некои од пожарите станаа двојно поголеми во изминатите 24 часа, принудувајќи на бегство 175.000 луѓе. Њусом побара од претседателот Трамп да прогласи состојба на голема катастрофа, при што ситуацијата е најтешка во планините јужно и источно од Сан Франциско.

    Најмалку 43 луѓе, вклучувајќи и пожарникари, се повредени, а изгореле стотици згради.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира