КАМПАЊАТА НА ТРАМП НЕ БИЛА КООРДИНИРАНА СО РУСИЈА, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА СПЕЦИЈАЛНИОТ ОБВИНИТЕЛ МИЛЕР

    КАМПАЊАТА НА ТРАМП НЕ БИЛА КООРДИНИРАНА СО РУСИЈА, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА СПЕЦИЈАЛНИОТ ОБВИНИТЕЛ МИЛЕРСпецијалниот обвинител Роберт Милер во петокот ја затвори својата 22-месечна истрага (Фото: АП)

    Министерството за правда на САД објави дека истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер не пронашла докази оти претседателската кампања на Доналд Трамп била заговарана или координирана со Русија, со цел да се влијае врз изборите во 2016.

    Милер исто така испитуваше дали Трамп ја попречувал истрагата, но за ова нема конечен заклучок, стои во писмото што министерот за правда Вилијам Бар го испратил до Конгресот.

    „Милер, сепак, не го ослободува Трамп од попречувањето на правдата“, додава Бар, кој го објави извештајот на Милер во скратена форма од четири страници.

    Милер во петокот ја затвори својата истрага, која во последните две години фрлаше сенка врз мандатот на Трамп.

    „Во извештајот се нагласуваат напорите на Русија да влијае врз изборите и се документираат направените криминали. Сепак, специјалниот обвинител Милер не открил дека некој американски државјанин или официјално лице од кампањата на Трамп свесно соработувал со Русија“, вели Бар.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари