КАНАДСКИОТ ПРЕМИЕР ТРУДО ВО ИЗОЛАЦИЈА ОТИ СОПРУГАТА ИМА СИМПТОМИ НА ГРИП

    КАНАДСКИОТ ПРЕМИЕР ТРУДО ВО ИЗОЛАЦИЈА ОТИ СОПРУГАТА ИМА СИМПТОМИ НА ГРИППоради крајна предострожност, премиерот реши да се изолира од работните обврски и ќе работи од дома додека не ги добие резултатите од тестирањето на сопругата, соопшти кабинетот на Џастин Трудо. (Фото: АП)

    Канадскиот премиер Џастин Трудо се самоизолира, откако неговата сопруга има симптоми на грип. Кабинетот на Трудо соопшти дека Софи Грегоар Трудо се вратила од пат во Британија и од синоќа има благи симптоми на грип, меѓу кои и благо покачена температура.

    Таа е тестирана за коронавирус и ги чека резултатите. По тестирањето симптомите се ублажиле.

    „Поради крајна предострожност, премиерот реши да се изолира од работните обврски и ќе работи од дома додека не ги добие резултатите од тестирањето на сопругата“, се вели во изјавата и се додава дека тој нема никакви симптоми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира