КАРАНТИНОТ ВО МЕЛБУРН НЕ ДАВА РЕЗУЛТАТИ, РЕКОРДНА БРОЈКА НОВОЗАРАЗЕНИ И ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО АВСТРАЛИЈА

    КАРАНТИНОТ ВО МЕЛБУРН НЕ ДАВА РЕЗУЛТАТИ, РЕКОРДНА БРОЈКА НОВОЗАРАЗЕНИ И ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО АВСТРАЛИЈАВластите и натаму се жалат дека луѓе кои имаат симптоми одат на работа место да се тестираат (Фото: Ројтерс)

    Австралија го имаше најлошиот ден од почетокот на епидемијата на коронавирусот, што ги зголеми грижите дека шестнеделниот карантин во Мелбурн не функционира.

    Само во сојузната држава Викторија, чиј главен град е Мелбурн, денеска се регистрирани 723 нови случаи на зараза, дури 36% повеќе во споредба со досегашниот рекорд од понеделникот, и 13 починати од ковид-19, најмногу во еден ден досега на национално ниво. Мелбурн беше ставен во карантин на 7 јули, но многу е веројатно дека тој ќе биде продолжен.

    Властите на Викторија постојано им порачуваат на луѓето веднаш да се тестираат ако имаат симптоми.

    „Ако имате симптоми, единстеното нешто што треба да го направите е да се тестирате. Не можете да одите на работа, зашто така само го ширите вирусот“, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус.

    Мелбурн стана прв град во Австралија кој воведе задолжително носење маска и ова в понеделник ќе биде проширено на цела Викторија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари