Остатоците од ураганот Харви предизвикаа опасни поплави во четвртиот најголем град во САД Хјустон и илјадници луѓе беа принудени да се качат на покривите или на повисоки места поради покаченото ниво на водата, преоптеретувајќи ги спасувачките екипи со повици за помош. Хеликоптери, чамци и специјални возила за поплави крстосуваа низ погодените области во Хјустон, извлекувајќи луѓе од надојдената вода, која што на места беше доволно висока да ги зафати и погорните катови.
Поплавата беше толку раширена што властите имаа проблем да ги идентификуваат најтешко погодените места. Тие ги повикаа грааните да се качат на покривите на нивните домови за да не останат заглавени на таваните и да мавтаат со чаршави или пешкири за да привлечат внимание.
Како што се зголемуваше нивото на водата, Националната метеоролошка служба понуди уште една лоша прогноза: Пред да помине бурата, во делови од Хјустон ќе наврнат уште 1,3 метри дожд. Тоа би било рекорд за Тексас.
„Големината и интензитетот на врнежите е нешто што не сме го искусиле претходно“, соопшти Националната метеоролошка служба.