КАЗНЕТИ СМЕ, НАМЕСТО ДА СМЕ ПОФАЛЕНИ ОТИ ГО ОТКРИВМЕ НОВИОТ СОЈ НА КОВИД-19, РЕАГИРА ЈУЖНА АФРИКА

    КАЗНЕТИ СМЕ, НАМЕСТО ДА СМЕ ПОФАЛЕНИ ОТИ ГО ОТКРИВМЕ НОВИОТ СОЈ НА КОВИД-19, РЕАГИРА ЈУЖНА АФРИКАНаучниците се претпазливи оптимисти дека постоечките вакцини би можеле да бидат ефикасни во спречување на сериозна форма на болеста од омикрон. (Фото: ЕПА)

    Јужна Африка се пожали дека е казнета, наместо да добие аплаузи, откако го откри омикрон, новиот сој на ковид-19.

    Реакцијата на Министерството за надворешни работи следи откако повеќе земји низ светот ги забранија патувањата од Јужна Африка.

    Министерството денеска преку соопштение „строго ги критикува забраните за патувања“.

    „Одличната наука заслужува аплауз, а не казна. Јужна Африка е казнета поради нејзиното напредно секвенционирање на геномите и способноста за побрзо откривање на нови соеви“, стои меѓудругото во реакцијата.

    Министерството смета дека светот поинаку реагирал кога беа откриени нови соеви на други места.

    Светската здравствена организација (СЗО) официјално го именуваше новиот сој омикрон, и соопшти дека има многу мутации, а првичните сознанија сугерираат зголемен ризик од реинфекција. Првичните студии покажуваат дека степенот на репродукција на омикрон е 2 – што значи дека секој заразен ќе го пренесе на уште двајца.

    Првиот случај на омикрон беше регистриран на 24 ноемрви, а досега е пријавен во Боцвана, Белгија, Хонкгонг, Израел и Холандија. Суспектни случаи се пријавени во Германија и Чешка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира