ЌЕ ЗАПРЕМЕ СО НАПАДИТЕ КОГА УКРАИНЦИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ ДА СЕ БОРАТ, МУ РЕКОЛ ПУТИН НА ЕРДОГАН

    ЌЕ ЗАПРЕМЕ СО НАПАДИТЕ КОГА УКРАИНЦИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ ДА СЕ БОРАТ, МУ РЕКОЛ ПУТИН НА ЕРДОГАНРуската инвазија на Украина трае веќе 11 дена (Фото: Шатерсток)

    Владимир Путин му кажал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека руската воена операција ќе запре тогаш кога Украинците ќе престанат да се борат и ќе бидат исполнети барањата на Кремљ. Русија инсистира дека инвазијата е специјална воена операција, чија цел е денацификација на земјата.

    Путин уште еднаш нагласил дека нападот се одвива според планот.

    „Владимир Путин се надева дека руските преговарачи отсега ќе имаат поконструктивен пристап“, соопшти Кремљ.

    Третата рунда мировни преговори помеѓу Русија и Украина е најавена за утре.

    Обвинувајќи ја украинската влада за војната, Путин вчера предупреди дека Украина би можела да исчезне како држава ако Украинците продолжат да даваат отпор.

    „Ако продолжат да го прават она што го прават, тие ја доведуваат во прашање иднината на украинската државност. Ако се случи тоа, ќе биде исклучиво на нивна совест“, кажа Путин.

    Од кабинетот на Ердоган изјавија дека тој се заложил за итен прекин на огнот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира