КИНА ГО ПРЕКИНА ДИЈАЛОГОТ СО САД ЗА КЛУЧНИТЕ КЛИМАТСКИ И ВОЕНИ ПРАШАЊА ПОРАДИ ПОСЕТАТА НА ПЕЛОСИ НА ТАЈВАН

    КИНА ГО ПРЕКИНА ДИЈАЛОГОТ СО САД ЗА КЛУЧНИТЕ КЛИМАТСКИ И ВОЕНИ ПРАШАЊА ПОРАДИ ПОСЕТАТА НА ПЕЛОСИ НА ТАЈВАНПрекината клучната климатска соработка меѓу двете земји што доведе до историскиот климатски договор од Париз во 2015. (Фото: АП)

    Кина објави дека поради посетата на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го прекинува целиот дијалог со САД за главните прашања, меѓу кои и клучната климатска соработка меѓу двете земји што доведе до историскиот климатски договор од Париз во 2015. Белата куќа го повика кинескиот амбасадор во знак на протест поради, како што рече, „неодговорните“ дејствија на Кина за посетата.

    Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека дијалогот меѓу американските и кинеските регионални команданти и шефовите на одделот за одбрана ќе биде откажан, заедно со разговорите за воената поморска безбедност. Соработката за враќање на илегалните имигранти, криминалните истраги, транснационалниот криминал, нелегалните дроги и климатските промени ќе биде суспендирана, соопшти Министерството.

    Кинеската декларација е нов момент во брзото ескалирање на тензиите што следеа по посетата на Пелоси и кинеската реакција со воени вежби кај Тајван, меѓу и истрелување проектили што паднаа во околните води. Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби, во изјавата рече дека воените дејствија на Кина се „загрижувачки за Тајван, за нас и за нашите партнери ширум светот“.

    Заедничкиот договор меѓу САД и Кина за борба против климатските промени, постигнат од Си и тогашниот претседател Барак Обама во ноември 2014, често беше поздравуван како пресвртница што доведе до Парискиот договор во кој речиси секоја земја во светот вети дека ќе се обиде да ги ограничи емисиите на гасови кои ја задржуваат топлината. Потоа, седум години подоцна, за време на разговорите за климата во Глазгов, друг договор меѓу САД и Кина помогна да се надминат спорните прашања во друг меѓународен договор за климата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира