КИНА РАЗМИСЛУВА ДА КОРИСТИ И СТРАНСКИ КОВИД ВАКЦИНИ ОТИ НИВНИТЕ ИМААТ НИСКА ЕФИКАСНОСТ

    КИНА РАЗМИСЛУВА ДА КОРИСТИ И СТРАНСКИ КОВИД ВАКЦИНИ ОТИ НИВНИТЕ ИМААТ НИСКА ЕФИКАСНОСТВакцината на „Синовак“ има 50.4 ефикансост, а вакцината на „Фајзер“ е 97 отсто ефикасна, соопштија кинеските здравствени власти. (Фото: АП)

    Официјалните кинески власти за контрола на заразни болести соопштија дека е ниска ефикасноста на кинеските вакцини против ковид-19 и дека Владата размислува да ги меша со цел да ја зајакне заштитата, објави агенцијата Асошиетед прес.

    „Кинеските вакцини немаат многу висока стапка на заштита“, рече вчера на прес-конференција директорот на Кинескиот центар за заразни болести, Гао Фу.

    Пекинг има дистрибуирано стотоци милиони дози во други земји, а исто така се обидуваше и да поттикне сомнеж за ефикасноста на вакцините од Западот.

    „Сега и официјално размислуваме дали да користиме различни вакцини од други различни производители за процесот на имунизација“, кажа Гао.

    „Секој треба да ја земе предвид користа што мРНК вакцините може да му ја дадат на човештвото. Мора внимателно да ги следиме и да не ги игнорираме само затоа што ние веќе имаме неколку видови вакцини“, рече Гао.

    Гао претходно ја доведе во прашање безбедноста на мРНК вакцините, каква што е на “Фајзер“ и „Модерна“. Во декември, кинеската државна новинска агенција Хсинхуа ја пренесе неговата изјава дека не може да отфрли протоење на негативни ефекти од овие вакцини оти тие за првпат се користат кај здрави луѓе.

    Денеска, властите не одговорија директно на прашањата за изјавата на Гао за можни промени во официјалните планови. Но, друг функционер на Кинескиот центар за заразни болести рече дека веќе се работи на развивање мРНК вакцина.

    За споредба, вакцината на „Синовак“ има 50.4 отсто ефикасност, а вакцината на „Фајзер“ е 97 отсто ефикасна.

    Пекинг сѐ уште нема одобрено странски вакцини во Кина, каде за првпат се појави коронавирусот во декември 2019.

    Според Националната здравствена комисија, до вчера во Кина се дадени 164 милион дози вакцини.

    Светската здравствена организација (СЗО) не препорачува таканаречена крос-вакцинација против ковид-19, со која се користат две различни вакцини за двете потребни дози, за имунизацијата да биде комплетна. Портпаролката на СЗО Маргарет Харис вели дека сѐ уште не постојат доволно податоци за можните ризици за тоа што ќе се случи ако лицето првата доза ја прими од „АстраЗенека“, а втората од друг производител.

    Од друга страна, експерти велат дека мешањето вакцини може да ги зајакне стапките на ефикасност. Во тек се истражувања низ светот кои испитуваат мешање на вакцините или давање на една бустер доза по долг период. Научниците во Велика Британија истражуваат и можна комбинација на вакцините на „Фајзер“ и на „АстраЗенека“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира