КИНЕСКИТЕ ВЛАСТИ ГО БЛОКИРАА ГРАДОТ ВУХАН ОТКАКО 17 ЛУЃЕ ПОЧИНАЛЕ ОД НОВИОТ ВИРУС

    КИНЕСКИТЕ ВЛАСТИ ГО БЛОКИРАА ГРАДОТ ВУХАН ОТКАКО 17 ЛУЃЕ ПОЧИНАЛЕ ОД НОВИОТ ВИРУССуспендирани се сите видови јавен превоз во Вухан (Фото: Гети)

    Кинеските власти целосно го затворија градот Вухан во обид да го спречат ширењето на новиот смртоносен вирус, кој досега уби 17 луѓе.

    Суспендирани се сите летови и железнички линии, а прекинат е и превозот со автобуси, метро и траекти. На жителите им е кажано да не го напуштаат градот.

    Досега е потврдено дека има повеќе од 500 заразени, додека вирусот, кој засега не е именуван, почна да се шири и надвор од Кина. Официјални лица објавија дека има двајца заболени во Хонгконг, како и еден во соседниот град Макао.

    Затворањето на Вухан се случува додека Кина се подготвува за прославите на Лунарната нова година, период во кој милиони луѓе патуваат дома.

    Кинеската национална комисија за здравство објави дека починатите се на возраст од 48 до 89 години и дека повеќето од нив боледувале од хронични болести. Сите потврдени смртни случаи се во Хабеи, провинцијата во која се наоѓа и Вухан, кој се смета за центар на заразата.

    Светската здравствена организација соопшти дека засега нема да прогласува глобална вонредна состојба за вирусот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари