„КОАЛИЦИЈА ЈАМАЈКА“ ДОАЃА НА ВЛАСТ ВО ГЕРМАНИЈА

    „КОАЛИЦИЈА ЈАМАЈКА“ ДОАЃА НА ВЛАСТ ВО ГЕРМАНИЈАВо коалиција со либералите и зелените, боите на новата влада ќе бидат црна, жолта и зелена. - Ангела Меркел (Фото: Гети)

    Ангела Меркел се соочува со тешки преговори за формирање владејачка коалиција, со цел да се одбрани од притисокот на најновата сила на германската политичка сцена, десничарската Алтернатива за Германија (АФД), која освои 13% гласови.

    Лидерот на социјалдемократите, Мартин Шулц, прв објави дека коалиција со Меркел не е опција, откако оваа странка го оствари најлошиот резултат по Втората светска војна, избирајќи да оди во опозиција.

    Боите на трите партии од потенцијалната коалиција се идентични со оние на знамето на карипската земја: црна, жолта и зелена. – Знамето на Јамајка

    Тоа значи дека Меркел ќе мора да формира мнозинство заедно со Слободните демократи (ФДП) и со Зелените, што популарно се нарекува „коалиција Јамајка“, бидејќи боите на овие три партии се идентични со оние на знамето на карипската земја: црна, жолта и зелена.

    „Ваква коалција досега немало на национално ниво, иако се појавувала во регионални парламенти. ЦДУ би можел да се обиде да формира и малцинска влада, но Меркел ја фаворизира ‘јамајканската опција‘“, пишува весникот „Индипендент“.

    Конзервативната алијанса, предводена од ЦДУ, победи на неделните избори со 33% гласови, па иако тоа и е најслаб резултат од 1949 година, таа останува најбројната сила во Бундестаг.

    Иако и ФДП и Зелените објавија дека се отворени за преговори со Меркел, аналитичарите предвидуваат дека тие ќе бидат тешки и сложени и дека Германија може да добие влада најрано за Божиќ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира