КОЈ ГИ НАПАЃА ЕВРЕИТЕ, НЀ НАПАЃА СИТЕ НАС, ВЕЛИ ШОЛЦ

    КОЈ ГИ НАПАЃА ЕВРЕИТЕ, НЀ НАПАЃА СИТЕ НАС, ВЕЛИ ШОЛЦГерманскиот канцелар Олаф Шолц уште еднаш кажа дека Германија е на страната на Евреите. - Шолц во Скопје на 4 март 2023 (Фото: СДК.МК)

    Широк сојуз од германско-израелски организации, политички партии, верски заедници и синдикати повика на митинг во Берлин против антисемитизмот и за солидарност со Израел. Во меѓувреме, германскиот канцелар Олаф Шолц уште еднаш кажа дека Германија е на страната на Евреите.

    „Државата ќе направи сè за да го заштити еврејскиот живот во Германија. И ние како граѓани на оваа земја нема да дозволиме да нè делат. Секој кој ги напаѓа Евреите, кој ги навредува или повредува, нè напаѓа сите нас“, изјави Шолц за „Шпигел“.

    Шолц, по повод неодамнешните антисемитски нереди во Германија, кажа дека е неопходно да им се спротивстават на сите кои извикуваат антисемитски пароли, го палат израелското знаме и отворено се радуваат на смртта на луѓето кои загинаа во нападот на Хамас.

    Организаторите очекуваат околу 10.000 учесници на митингот во Берлин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира