КОЈ САКА НЕКА СИ СЕДИ ДОМА, НЕ Е ЗАБРАНЕТО, НИЕ НЕМА ДА ЗАТВОРАМЕ НИШТО, КАЖА БОРИСОВ ПО ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО БУГАРИЈА

    КОЈ САКА НЕКА СИ СЕДИ ДОМА, НЕ Е ЗАБРАНЕТО, НИЕ НЕМА ДА ЗАТВОРАМЕ НИШТО, КАЖА БОРИСОВ ПО ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО БУГАРИЈА„Не се групирајте, пазете се, треба да живееме“, кажа Борисов денеска во Сончев Брег. (Фото: Фејсбук)

    Бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека нема намера повторно да ја затвора земјата, иако расте бројот на заразени со коронавирус. Одговарајќи на новинарско прашање дали било грешка отворањето на кафулињата, ноќните клубови и стадионите, Борисов кажа дека секој може да се прибере дома, да се заклучи и да седи таму и дека нема потреба од забрани.

    „Кога беше затворено, секој ден ме прашувавте кога ќе отворите. Ете отворивме, сега ме прашувате кога ќе затворите. Штабот, ако ги прашам, ќе ми предложам да затворам апсолутно сè. Секој може да се прибере дома, да се заклучи и да седи таму, не е забрането. Зошто сакате со наредба да забрануваме? Не се групирајте, пазете се, треба да живееме“, кажа Борисов денеска во Сончев Брег.

    Борисов кажа и дека според некое социолошко истражување, 40 отсто од луѓето не веруваат дека има коронавирус.

    Денеска во Бугарија беа регистрирани 180 нови случаи на коронавирус од 2.691 тест. Вчера беа регистрирани 182 случаи, што беше рекорд.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира