КОМИЧАР БЕЗ ПОЛИТИЧКО ИСКУСТВО ВОДИ ПО ПРВИОТ КРУГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО УКРАИНА

    КОМИЧАР БЕЗ ПОЛИТИЧКО ИСКУСТВО ВОДИ ПО ПРВИОТ КРУГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО УКРАИНАВолодимир Зеленски во вториот круг на 21 април ќе се соочи со актуелниот претседател Петро Порошенко (Фото: АП)

    Комичар кој во своите телевизиски скечеви глуми претседател води по првиот круг на претседателските избори во Украина, покажуваат излезните анкети.

    Според нив, Володимир Зеленски, кој претходно не бил на никаква политичка функција, освоил 30,4% гласови и во вториот круг ќе се соочи со актуелниот претседател Петро Порошенко, за кого гласале 17,8% избирачи. Поранешната премиерка Јулија Тимошенко не успеа да се пласира во вториот круг, што ќе се одржи на 21 април.

    Четириесет и едногодишниот Зеленски досега беше непознат за меѓународната јавност, но тој е еден од најпопуларните актери во Украина, кој своето сатирично ТВ-шоу го претвори во политичка реалност. Во шоуто на „Канал 1+1“, Зеленски глуми обичен граѓанин, кој преку борбата со корупција доаѓа до претседателската функција. Оваа телевизија е во сопственост на милијардерот Игор Коломојски, еден од главните противници на Порошенко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира