КОРОНАВИРУСОТ ПРЕДИЗВИКА ХАОС ВО ЗАТВОРИТЕ НИЗ ИТАЛИЈА, ШЕСТ ЗАТВОРЕНИЦИ УБИЕНИ, НАД 50 ИЗБЕГАЛЕ

    КОРОНАВИРУСОТ ПРЕДИЗВИКА ХАОС ВО ЗАТВОРИТЕ НИЗ ИТАЛИЈА, ШЕСТ ЗАТВОРЕНИЦИ УБИЕНИ, НАД 50 ИЗБЕГАЛЕНереди избувнале во 22 затвори (Фото: АФП)

    Италијанските власти се мачат да воспостават ред во затворите низ земјата откако во нередите поврзани со ширењето на коронавирусот беа убиени шестмина затвореници, а десетици избегале. Затворениците се побуниле откако со владина одлука беа ограничени посетите, како дел од националната стратегија да се спречи ширењето на КОВИД-19.

    Шестемина затвореници се убиени во затворот во Модена, во северна Италија, каде прво беше воведен карантин. Телевизијата РАИ објави дека уште четворица затвореници се во критична состојба во болница, а во нередите се повредени и неколкумина затворски чувари.

    Друга сериозна ситуација се случи во градот Фоџа, југоисточна Италија, каде што десетици затвореници успеале да избегаат.

    „Ситуацијата е катастрофална, 50 затвореници избегаа“, потврди локалната полиција.

    Агенцијата АНСА објави дека бројките се уште поголеми, при што 34 затвореници се сѐ уште во бегство, а повеќе од 40 се фатени.

    Министерот за правда Алфредо Бонафеде изјави дека нередите избувнале во 22 затвори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира