КОСОВО ИМЕНУВА УЛИЦА ПО ПОЧИНАТИОТ СИН НА ЏО БАЈДЕН ЗА ДА МУ СЕ ОДДОЛЖИ НА АМЕРИКАНСКИОТ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:34:"Приштина,(Ројтерс)

    КОСОВО ИМЕНУВА УЛИЦА ПО ПОЧИНАТИОТ СИН НА ЏО БАЈДЕН ЗА ДА МУ СЕ ОДДОЛЖИ НА АМЕРИКАНСКИОТ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ

    На прометна улица во Косово, нови знаци се поставуваат во пресрет на посетата на американскиот потпретседател Џо Бајден за да се одбележи 35-километарската делница во југоисточниот дел од малата балканска земја, која е преименувана по неговиот починат син Боу.
    Именувањето улици по американски функционери стана традиција во Косово, чија популација составена главно од етнички Албанци ги смета САД за спасители откако бомбардирањето во 1999 година стави крај на присуството на српските трупи.
    Боу Бајден работеше во Косово по завршувањето на војната од 1999 година, помагајќи да се обучуваат локални обвинители и судии за Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Поранешниот јавен обвинител од Делавер почина минатата година од рак на 46 години.
    „Да не беше помошта од Америка, сите Албанци ќе беа избркани, ниту еден немаше да остане тука“, кажа за „Ројтерс“ Насер Сојева од селото Сојеве, каде Бајден и неговата сопруга Џил в среда ќе бидат дел од церемонијата на именувањето на патот по Боу.
    „Ако го видам Бајден в среда, ќе му кажам: ‘Ти благодарам за она што го направи за нас’“, вели Сојева, кој работеше 12 години како цивилен соработник во американската воена база и изнајмува продавница на локален бизнисмен, кој продава сувенири и американски знамиња.

    „Барем толку им должиме“, додаде Соејва.

    Именувањето улици по американски функционери стана традиција во Косово

    Именувањето улици по американски функционери стана традиција во Косово (Фото: Ројтерс)

    Во косовскиот главен град Приштина има булевари со имињата на поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш и уште многу други во чест во американски политичари и генерали ширум земјата со 1,8 милиони жители.

    САД имаат стационирано неколку стотици војници во Косово, намалени од неколку илјади во првите неколку години по конфликтот. Многумина од главно муслиманската, но претежно секуларна земја, која прогласи независност од Србија во 2008 година, гледаат на нивното присуство како важен елемент за зачувување на мирот.

    „Се уште ни е потребна помошта од САД. Ние сме тука кадешто сме, благодарение на помошта на нашите пријатели и потребна ни е нивната помош за да напредуваме понатаму“, рече 37-годишниот државен службеник Бејт Бејта.
    Пречекот на Бајден се очекува да биде постуден во Белград, каде тој ќе биде в четврток. Огорченоста се уште се чувствува во Белград поради бомбардирањето од НАТО во 1999 година, од кое има траги на поранешните згради на Министерството за одбрана.
    Кога Косово прогласи независност, американската амбасада во Белград беше запалена и притоа загина едно лице.

    Се очекува Бајден да ги притисне Србија и Косово да направат повеќе за забрзување на преговорите посредувани од ЕУ за нормализација на нивните односи, што е еден од условите за Србија во преговорите за влез во Европската унија.

    Додека во Србија една ултранационалистичка партија ги повикува граѓаните на протест против посетата на Бајден, на Косово нема такви сомнежи.
    „НАТО, предводена од САД, го спаси Косово од егзодус, исчезнување и уништување“, напиша косовскиот премиер Иса Мустафа на Фејсбук во саботата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира