КОСОВСКАТА ВЛАДА ПАДНА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    КОСОВСКАТА ВЛАДА ПАДНА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТГласањето го покрена коалициски партнер на премиерот Курти (Фото: Ројтерс)

    Косовскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на премиерот Албин Курти поради лошото справување со кризата со коронавирусот.

    Гласањето беше покренато од коалициски партнер на партијата на Курти само два месеца откако владата беше формирана. Нејасно е како ќе се реши политичката криза бидејќи е невозможно да се одржат избори поради пандемијата.

    Минатата недела, Курти го смени министерот за внатрешни работи Агим Велиу зашто не работел согласно владината политика за справување со коронавирусот, за што Демократската лига на Косово вели дека не била консултирана и заклучи дека тоа е крај на коалицијата.

    Експертите предупредија дека без јасна насока во борбата против коронавирусот здравствениот систем на земјата би можел да колабира. Во Косово досега се потврдени најмалку 70 случаи на коронавирус.

    Во периодот кога протести се забранети, жителите на Приштина излегоа на тераси и правеа бучава револтирани од начинот на кој владата се носи со кризата.

    Повеќе од 80 пратеници во парламентот со 120 места гласаа за недоверба на владата по 12-часовна дебата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира