КОВИД ПАСОШИТЕ ЌЕ ВАЖАТ САМО ЗА ОНИЕ КОИ ПРИМИЛЕ ВАКЦИНА ОДОБРЕНА ОД ЕУ

    КОВИД ПАСОШИТЕ ЌЕ ВАЖАТ САМО ЗА ОНИЕ КОИ ПРИМИЛЕ ВАКЦИНА ОДОБРЕНА ОД ЕУСертификатите за вакцинирање имаат за цел да обезбедат послободно патување ова лето (Фото: АП)

    Ковид пасошите, кои ќе служат како потврда за вакцинирање во Европска Унија и ќе овозможат послободно да се патува, ќе важат само за оние кои примиле вакцина одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА). Европската комисија најави дека ќе ја претстави оваа мерка на 17 март.

    Ова се оправдува со тоа што имунизацијата со неодобрена вакцина не е покриена со клаузулата за одговорност и контрола на квалитет на ЕУ, вели еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

    Еврокомесарот за правда Дидје Рајндерс кажа дека земјите-членки се слободни да ги имунизираат своите граѓани со која било вакцина, но сертификат за слободно патување ќе добијат само оние кои примиле вакцина одобрена од ЕМА, што моментално се „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“.

    Овие сертификати би важеле до крајот на пандемијата, велат извори од Брисел, при што негативен тест за коронавирус и карантин и натаму ќе останат како мерки за оние кои сакаат да патуваат. Сертификатот ќе биде во дигитална и хартиена форма.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира