КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ВО ПОДЕМ ВО ГЕРМАНИЈА, АФД ГО ОСВОИ ВТОРОТО МЕСТО НА ИЗБОРИТЕ ВО КЛУЧНИТЕ ПОКРАИНИ БАВАРИЈА И ХЕСЕН

    КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ВО ПОДЕМ ВО ГЕРМАНИЈА, АФД ГО ОСВОИ ВТОРОТО МЕСТО НА ИЗБОРИТЕ ВО КЛУЧНИТЕ ПОКРАИНИ БАВАРИЈА И ХЕСЕНАлтернатива за Германија освои 5% гласови повеќе во двете покраини во споредба со изборите во 2018 (Фото: АП)

    Гласачите им зададоа голем удар на партиите од расцепканата левичарска коалиција на канцеларот Олаф Шолц на вчерашните избори во клучните германски покраини Баварија и Хесен, при што економските проблеми и стравот од мигрантите беа голем поттик за опозициските конзервативци и за екстремната десница.

    Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), чие упориште досега беше главно на истокот на земјата, заврши на второто место во двете покраини, остварувајќи го својот најдобар резултат досега во Баварија.

    Сите три партии од коалицијата на Шолц, неговите Социјалдемократи, Зелената партија и Слободните демократи (ФДП), помимаа полошо отколку пред пет години во двете покраини во кои живее една четвртина од германското население. ФДП можеби и нема да успее да го надмине прагот од 5% освоени гласови за да влезе во парламентите на Баварија и Хесен.

    Аналитичарите сметаат дека овие резултати дополнително ќе ги зголемат тензиите во коалицијата на Шолц, кој се обвинува дека не успеал да го покаже потребното лидерство.

    Ако биде неопходно, ФДП треба да биде подготвена да излезе од коалицијата“, изјави шефот на партијата во источната покраина Тирингија, Томас Кемерих.

    Во Хесе, каде што се наоѓа Франкфурт, ЦДУ се очекува да освои 34,6% гласови, додека нејзината сестринска партија ЦСУ ќе победи во Баварија со 36,4% гласови. Во исто време, АфД освои 18,6% гласови во Хесен и 16% во Баварија, што е пораст за 5% во двете покраини во споредба со изборите во 2018

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира