КРАЈНИ ДЕСНИЧАРИ И ПОДДРЖУВАЧИ НА ВОЈНАТА ПРОТИВ САТАНИСТИЧКИ ПЕДОФИЛИ БЕА ВО ТОЛПАТА ШТО УПАДНА ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС

    КРАЈНИ ДЕСНИЧАРИ И ПОДДРЖУВАЧИ НА ВОЈНАТА ПРОТИВ САТАНИСТИЧКИ ПЕДОФИЛИ БЕА ВО ТОЛПАТА ШТО УПАДНА ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕСМногумина од присутните носеа симболи и знамиња поврзани со одредени идеи и фракции (Фото: Гети)

    Кои се демонстрантите кои вчера упаднаа во зградата на американскиот Конгрес откако присуствуваа на говорот на Доналд Трамп кај Белата куќа?

    Некои носеа симболи и знамиња на одредени идеи и фракции, а снимките покажаа поединци поврзани со екстремни и крајнодесничарски групи и поддржувачи на теории на заговор што се шират онлајн.

    Џејк Анџели е добро познат поддржувач на теоријата на заговор „Кјуенон“ (Фото: Гети)

    Меѓу најпрепознатливите ликови беше маж со обоено лице, крзнена капа и рогови и со американско знаме во рацете. Тој е идентификуван како Џејк Анџели, добро познат поддржувач на мистериозната теорија на заговор „Кјуенон“, која тврди дека Доналд Трамп и таен тим на воени разузнавачи водат војна против сатанистички педофили во редовите на Демократската партија. „Кјуенон“ со недели најавуваше дека планира марш пред Конгресот.

    Ричард Барнет е човекот кој упадна во канцеларијата на Ненси Пелоси (Фото: ЕПА)

    Други лица забележани како упаѓаат во Капитол се членови на крајнодесничарската група „Прауд бојс“. Основана во 2016 година, сите нејзини членови се бели мажи и антиимигрантски настроени. „Прауд бојс“ и движењето „Стоп на кражбата“ ги охрабруваа своите членови да излезат на маршот.

    Таканаречените „патриотски карвани“ и други иницијативи се организираа онлајн за да се обезбеди превоз на активисти до Вашингтон.

    Човекот кој беше снимен како седи во канцеларијата на спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси е идентификуван како Ричард Барнет од Аркансас, познат како поддржувач на движењето „Стоп на кражбата“ и на групи за правото на користење на оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира