ЛЕНИН ЈА СОЗДАДЕ УКРАИНА, ТАА НЕМА ТРАДИЦИЈА НА ДРЖАВНОСТ, КАЖА ПУТИН И ЈА ПРИЗНА НЕЗАВИСНОСТА НА ДОЊЕЦК И ЛУГАНСК

    ЛЕНИН ЈА СОЗДАДЕ УКРАИНА, ТАА НЕМА ТРАДИЦИЈА НА ДРЖАВНОСТ, КАЖА ПУТИН И ЈА ПРИЗНА НЕЗАВИСНОСТА НА ДОЊЕЦК И ЛУГАНСКПутин кажа дека Украина подготвува воена акција против Русија (Фото: АП)

    Владимир Путин го обвини Ленин за формирањето на Украина и кажа дека таа никогаш немала традиција на сопствена државност. Рускиот претседател ѝ се обрати на нацијата набргу откако Кремљ објави дека тој планира да ја признае независноста на отцепените региони во источна Украина, Доњецк и Луганск, кои од 2014 се под контрола на проруските сепаратисти.

    „Ленин е авторот и архитект на Украина, тој ја обесправил Русија. Модерната Украина била целосно креирана од Русија, поточно од бољшевиците. Таа е дел од нашата историја. Русија беше ограбена со распадот на Советскиот Сојуз, тоа беше геополитичка катастрофа“, изјави Путин.

    Опишувајќи го соборувањето на прорускиот претседател Јанукович во 2014 како државен удар, тој кажа дека Украина денес е контролирана однадвор.

    „Украина е сведена на статус на колонија со која управува марионетски режим. Украинските олигарси им служат на геополитичките интереси на западот“.

    Тој додаде дека Украина подготвува воена акција против Русија и дека ќе развие нуклеарно оружје.

    „НАТО ја претвори Украина во театар на војна. НАТО командува со украинските трупи и е вистинскиот агресор. Ако НАТО се прошири, Русија ќе биде во опасност од ненадеен напад“, обвини Путин.

    По речиси едночасовниот говор, Путин потврди дека веќе ги потпишал документите за признавање на независноста на народните републики Доњецк и Луганск и ќе побара од рускиот парламент што поскоро да ги ратифицира.

    Од Европската Унија претходно кажаа дека веднаш ќе предложат воведување сакнции за Русија ако бидат признати отцепените региони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира