ЛИДЕРОТ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА АБУ БАКР АЛ-БАГДАДИ УБИЕН ВО СИРИЈА, СЕ ЧЕКА ПОТВРДА ОД ТРАМП

    ЛИДЕРОТ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА АБУ БАКР АЛ-БАГДАДИ УБИЕН ВО СИРИЈА, СЕ ЧЕКА ПОТВРДА ОД ТРАМПАкцијата против Багдади во која учествувале хеликоптери, авиони и копнени сили била спроведена во селото Бриша во близина на турската граница (Фото: Ројтерс)

    Лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади е убиен во американска воена операција во Сирија, кажаа извори од Сирија, Ирак и Иран, додека Доналд Трамп се подготвува да даде „важно соопштение“ од Белата куќа.

    „Нешто многу големо тукушто се случи“, напиша Трамп на Твитер, не давајќи други детали.

    Официјално лице од Белата куќа откри дека Багдади бил мета на ноќна акција, не прецизирајќи дали таа била успешна. Акцијата во која учествувале хеликоптери, авиони и копнени сили била спроведена во селото Бриша во близина на турската граница.

    Ирачки и ирански разузнавачки извори изјавија дека примиле потврда од Сирија дека Багдади е убиен.

    „Нашите извори од Сирија потврдија дека Багдади е убиен заедно со својот личен телохранител, откако било откриено негово скривалиште кога сакал да го извлече своето семејство од Идлиб“, изјави ирачки функционер.

    Ирачката државна телевизија најави дека ќе објави снимки од акцијата, додавајќи дека ирачките разузнавачки агенции помогнале да се лоцира Багдади.

    Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека девет луѓе се убиени во двочасовната операција, вклучувајќи две жени и најмалку едно дете. Таа не можеше да потврди дали и Багдади е меѓу убиените.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира