ЗАРАЗЕНИТЕ ЛИЦА БЕЗ СИМПТОМИ РЕТКО ГО ПРЕНЕСУВААТ КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛИ СЗО

    ЗАРАЗЕНИТЕ ЛИЦА БЕЗ СИМПТОМИ РЕТКО ГО ПРЕНЕСУВААТ КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛИ СЗОСЗО тврди дека ваквиот начин на пренесување на вирусот не е водечката сила на пандемијата (Фото: АП)

    Светската здравствена организација верува дека пренесувањето на коронавирусот од лицата кои немаат симптоми е ретко, и покрај предупредувањата на бројни експерти дека ваква трансмисија е честа и објаснува зошто пандемијата тешко се става под контрола.

    „Многу земји имаат пријавено случаи на ширењето на вирусот од луѓе кои се асимптоматски. Сепак, многумина од заразените на тој начин имале благ облик на болеста или необични симптоми“, изјави Марија фан Керкхове, водечкиот експерт за КОВИД-19 во СЗО.

    СЗО тврди дека ваквиот начин на пренесување на вирусот не е водечката сила на пандемијата.

    „На ова отпаѓа најмногу 6% од ширењето“, додаде Фан Керкхове.

    Таа се повика на податоците од разни земји, кои подолго време следеле лица без симптоми на КОВИД-19 за да се види дали го шират вирусот, при што имало многу малку потврдени случаи.

    „Сѐ уште ги анализираме овие податоци, но се чини дека асимптоматските поединци навистина ретко го пренесуваат вирусот“, рече Фан Керкхове.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари